1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Авиони, проектили и муниција: Ново оружје за Израел од САД

СН/агенции
14 август 2024

САД одобриле можна продажба на оружје на Израел во вкупна вредност од околу 20 милијарди долари. Ова го соопшти американскиот Стејт департмент. Покрај проектили и муниција, САД планираат да испорачаат борбени авиони.

https://p.dw.com/p/4jR6J
САД планираат на Израел да му продадат десетици авиони од типот Ф-15 (на фотографијата)
САД планираат на Израел да му продадат десетици авиони од типот Ф-15 (на фотографијата)Фотографија: Sra Duncan C. Bevan/U.S Air/ZUMA/picture alliance

Американската администрација одобри продажба на дополнително оружје и муниција во вредност од над 20 милијарди долари на Израел, кој продолжува со нападите врз Појасот Газа.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека САД се посветени на безбедноста на Израел. Исто така, од клучно значење за националните интереси на САД е да му се помогне на Израел да одржи и развие силна способност за самоодбрана.

Петте одделни пакети одобрени за продажба од САД во Израел вклучуваат борбени авиони, ракети воздух-воздух, тенковска и артилериска муниција и тактички возила.

Разурнувања во Појасот Газа по ирзаелските воздушни и ракетни напади
Разурнувања во Појасот Газа по ирзаелските воздушни и ракетни нападиФотографија: Omar Al-Qattaa/AFP/Getty Images

Најголем удел во вкупната продажба имаат 50 борбени авиони Ф-15ИА и 25 борбени авиони Ф-15И и придружна муниција, со вкупна вредност од 18,9 милијарди долари.

Од друга страна, во другите пакети се вклучени и 30 ракетни системи воздух-воздух со среден дострел и повеќе од 32.000 противтенковски гранати и друга сооддветна опрема. Покрај тоа, одобрена е продажба на повеќе од 50.000 артилериски гранати и сооедветна опрема како посебен пакет.

Пакетот, со вкупна продажна вредност од 20,3 милијарди долари, е одобрен во време кога процесот на преговори за прекин на огнот во војната во Појасот Газа е неизвесен, а тензиите во регионот растат. Не се очекува американскиот Конгрес да ја спречи продажбата на оружје.