1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Деблокада на профилот на вдовицата на Навални на Х

ЖА
20 февруари 2024

Онлајн сервисот Х (поранешен Твитер) во вторникот го деблокираше, откако претходно го блокираше профилот на вдовицата на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, кој почина пред неколку дена во затвор.

https://p.dw.com/p/4ccSz
Јулија Навалнаја, вдовицата на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални
Јулија Навалнаја, вдовицата на критичарот на Кремљ, Алексеј НавалниФотографија: Yves Herman/AP/picture alliance

На профилот на Јулија Навалнаја, кој беше отворен само еден ден претходно, се појави забелешката: „Профилот е блокиран. X блокира сметки што ги прекршуваат нашите правила“. Првично не беа дадени дополнителни информации за причините за суспендирањето на профилот, а набрзо потоа, повторно без објаснување, тој е деблокиран. 

Вдовицата на  критичарот на Кремљ  претходно го обвини рускиот претседател Владимир Путин за  смртта на нејзиниот сопруг  во руски затворски логор и рече дека ќе продолжи со работата на Навални. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тогаш ги опиша нејзините зборови како „непристојни и апсолутно неосновани обвинувања против шефот на руската држава“.

Според руските казнени власти, Навални, еден од најистакнатите противници на Путин, ненадејно колабирал и починал додека шетал во затворскиот двор во логорот во Арктичкиот круг во петокот, на 47-годишна возраст.