Берлинале: Почнува 74-от филмски фестивал во Берлин
15 февруари 2024Седумдесет и четвртото Берлинале почнува со филмот „Мали нешта како овие“ на режисерот Тим Милантс, во кој главните улоги ги толкуваат Килијан Марфи, Кјаран Хиндс и Емили Вотсон. Филмот е заснован на истоимениот историски роман на ирската писателка Клер Киган и е номиниран за наградата Златна мечка. Во конкуренција за награди се 20 филмови. Меѓународното жири годинава го води добитничката на Оскар, Лупита Нионго.
На Берлиналето, кое е најважен филмски фестивал во Германија и еден од најважните во светот, ќе бидат прикажани вкупно 233 филмови од 80 земји. Режисерот Мартин Скорсезе треба да добие награда за животно дело.
Непосредно пред почетокот на филмскиот фестивал во Германија се разви дебата околу поканата и откажувањето на гостпримството на фестивалот за политичари на деснопопулистичката АфД.По испратените покани за отворањето на Берлиналето, следуваа огромни критики, по што раководството на фестивалот им откажа гостопримство на политичарите на АфД. Градоначалникот на Берлин, Кај Вегнер, изјави дека досегашното раководен тандем на фестивалот, Мариете Рисенбек и Карло Шатријан, го водел фестивалот низ тешки години и му дал политичка нишка. „Берлиналето се залага за отвореност кон светот, слобода, демократија, различност и кохезија“, изјави Вегнер. Од април годинава со Берлиналето ќе раководи Американката Триша Татл.