1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бербок во Скопје против руското „империјалистичко лудило“

БГ /дпа
29 ноември 2023

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го бранеше учеството на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, и покрај доаѓањето на рускиот министер Сергеј Лавров.

https://p.dw.com/p/4Za34
Аналена Бербок
Германската министерка за надворешни работи Аналена БербокФотографија: Geert Vanden Wijngaert/AP/picture alliance

Бербок изјави дека е важно да се спротивстави на руското „империјалистичко лудило“ на состанокот во Скопје, и дополни дека на Европа насушно и се потребни повеќе соработка и безбедност.

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба и неговите колеги од балтичките држави ги откажаа плановите за доаѓање во Скопје во четврток, на почетокот на конференцијата. 

Тие го наведоа доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров како причина за откажувањето.

На маргините на состанокот на НАТО во Брисел во средата, Бербок рече дека ги разбира различните чувства, особено во источна Европа, за седење на иста маса со руски претставници. Но, таа додаде дека има намера да стори сѐ што е во нејзина моќ да го спречи рускиот министер за надворешни работи да го уништи ОБСЕ 

Аналена Бербок Сергеј Лавров
Аналена Бербок и Сергеј Лавров на средба во Москва, јануари 2022Фотографија: Russian Foreign Ministry/TASS/imago images

Форум за дијалог  

Како пример, Бербок ги наведе напорите да се надминат финансиските проблеми во организацијата, која беше основана во 1975 година за време на Студената војна, како форум за дијалог меѓу истокот и западот. Бербок рече и дека Русија се обидува да го блокира реизборот на актуелната генерална секретарка на ОБСЕ, Германката Хелга Шмит. Организацијата има 57 членки, меѓу нив и Украина и Русија.

ОБСЕ западна во голема криза по руската агресија врз Украина во февруари 2022 година. Сите одлуки во ОБСЕ се носат едногласно. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема