1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проверки и во Скопје по терористичкиот напад во Виена

ДТЗ
8 август 2024

Австриската полиција уапси две лица осомничени за планирање напади на концерти на Тејлор Свифт. Едниот од нив е со потекло од Северна Македонија.

https://p.dw.com/p/4jFW1
Терниц, Австрија
Главниот осомничен е упасен во Терниц, АвстријаФотографија: Alex Halada/APA/dpa/picture alliance

Австриските власти испратија барање до македонското Министерство за внатрешни работи за проверка на 19-годишно момче со потекло од Северна Македонија, коешто е осомничено за планиран терористички напад во Виена. 

„Ве известуваме дека од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое е по потекло од Македонија, а истиот е осомничен за планиран терористички напад во Виена. Од наша страна се постапува по однос на доставеното барање“, информираат од МВР за агенцијата МИА.

Уапсени две лица

Австриската полиција уапси две лица осомничени за планирање напади на концерти на Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми е со потекло од Северна Македонија.

Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, го опиша 19-годишниот уапсен во Терниц како „непосреден главен сторител“, додека второто уапсено лице е 17-годишник, пренесува австриската новинска агенција – АПА.

При претрес на куќа запленети се повеќе хемиски супстанци и технички средства. Според Руф, пред само неколку недели, осомничениот дал заклетва за лојалност кон актуелниот водач на терористичката Исламска држава на интернет.

Не е прв случај

Ова не е прв случај на терористички напад во којшто бил инвовиран и напаѓач со потекло од Северна Македонија. При атентатот во Виена, кој се случи во 2020 година, а зад кој се криеја исламистички мотиви, беа убиени четири лица, како и еден напаѓач, кој потекнува од Северна Македонија и имал двојно државјанство.

Стануваше збор за 20-годишник со потекло од селото Челопек, кој ѝ бил познат на австриската тајна служба како еден од 90 австриски исламисти чија намера била да отпатуваат во Сирија.

Австрија одамна е центар на џихадистите од Балканот, но и од Кавказот. 

Проценките се дека од Северна Македонија на странските боишта заминале над 156 лица. Во земјата се вратиле 83. На дел од нив им се изречени затворски казни. Во октомври 2022 година македонската Влада објави листа на 15 македонски државјани коишто учествувале во паравоени формации во Сирија и Исламската држава. За нив се предвидени финансиски мерки и замрзнување на имот и средства поради учество во војната во Сирија. Во меѓувреме листата, од страна на Министерството за наворешни работи, постојано се дополнува и коригира. Податоците редовно се разменуваат со останатите земји.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи