1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Атомска бомба: Уцена на Путин која сериозно се сфаќа

Дојче веле
8 октомври 2022

Украина сериозно ги сфаќа руските закани со атомска бомба, велат тамошните власти. Експертите веруваат дека заканата станува се пореална, бидејќи Русија губи на фронтот. Наводно, Москва веќе подготвува нуклеарна проба.

https://p.dw.com/p/4HrTF
Путин атомска бомба
Киев сериозно ги сфаќа руските закани дека ќе користи нуклеарно оружје во случај Западот да ја нападне Русија

Киев сериозно ги сфаќа руските закани дека ќе користи нуклеарно оружје во случај Западот да ја нападне Русија, изјави за ДВ Ихор Жовква, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ова не е прв пат за време на оваа војна (Путин) да не уценува со атомско оружје, не само Украина, туку и целиот свет - како што уценуваше со хемиско или биолошко оружје“, рече Жовква во емисијата „Конфликтна зона“ на ДВ. 

Според него, заканите мора да се сфатат сериозно, особено по нелегалната анексија на четири украински региони кои Москва сега би можела да ги смета за своја територија.

Според претставникот на Киев, другите нуклеарни сили треба да застанат на патот на заканите на Владимир Путин. „Треба да му кажат дека ќе има страшни последици ако се осмели да употреби нуклеарно оружје на бојното поле“, додаде близок соработник на претседателот Зеленски. 

Порака до Западот 

Шефот на Кремљ повеќепати ја споменуваше можноста за употреба на нуклеарно оружје. Експертите шпекулираа за таканаречените „тактички нуклеарки“ од помала моќност, кои Русија би можела да ги користи на фронтот.

„Заканите доаѓаат во ситуација кога во Русија, дури и меѓу елитите, постои сè поприсутна можност оваа војна да биде изгубена“, предупредува австрискиот експерт за источна Европа, Герхард Мангот од Универзитетот во Инсбрук.

Според него, употребата на атомски бомби е сè уште далеку, но би станало поизвесно доколку Русија навистина е на работ на воен пораз. Во тој случај, очекува Мангот, можеби најпрво би се извршил нуклеарен тест.

„Во моментов, заканите се насочени кон создавање несигурност меѓу населението на Запад. Така, поддршката треба да биде ослабена, особено за испорака на оружје во Украина“, оценува Мангот во интервју за Тагесшау. „Идејата е, исто така, да им се покаже на западните влади каде може да доведе спиралата на ескалација за да почнат да размислуваат за тоа колку се подготвени да ризикуваат за победата на Украина над Русија. 

Некои сè уште мислат дека тоа е блеф 

Во последните денови имаше непотврдени гласини дека Русија го преселила нуклеарното оружје со железница до границата со Украина, наводно планирајќи тест. Исто така, соопштено е дека една нуклеарна подморница е поместена од стандардната позиција во Белото Море. Тие извештаи ги објавија неколку лондонски весници, а Кремљ ги демантираше.

Марсел Берни од Воената академија во Цирих вели дека не може со сигурност да се каже каков товар превезувал споменатиот воз, но и дека оваа мистерија е порака: „Ми се чини дека е невербален сигнал, порака која гласи: Подготвен сум на ескалација“.

Овој експерт за РНД изјави: „Заканите за нуклеарното оружје нè следат во текот на целата војна. Путин и понатаму блефира“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема