1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Американски тајни служби: Руски пари за странски политичари

ЕМФ | агенции
14 септември 2022

Русија, според наводи на американските тајни служби, со стотици милиони евра тајно поддржувала политички партии и кандидати за избори во странство.

https://p.dw.com/p/4GoTt
Русија, според американските тајни служби, тајно исплатила повеќе од 300 милиони долари на странски политички партии и кандидати на избори
Русија, според американските тајни служби, тајно исплатила повеќе од 300 милиони долари на странски политички партии и кандидати на избориФотографија: Thomas Trutschel/photothek/picture alliance

Повеќе американски медиуми, меѓу кои и „Вашингтон пост“ и Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван висок американски претставник, јавуваат дека Русија од 2014 година тајно исплатила повеќе од 300 милиони долари на странски политички партии и кандидати на избори со цел да изврши влијание врз политиката во тие земји. Тоа, како што се вели, е заклучок во извештај на тајните служби.

Според изјава на американски претставник за агенцијата АФП, Русија веројатно „префрлила повеќе пари, кои не се откриени“. Во кои земји се влевале руски пари не е наведено, но погодените земји се информирани за тоа.

АФП јавува дека, меѓу другото, рускиот амбасадор во една азиска земја му ставил на располагање повеќе милиони долари на еден претседателски кандидат. Неименуван извор за агенцијата тврди и дека Русија дала половина милион долари за поддршка на албанската Демократска партија на изборите во 2017 година. Финансирани биле и партии и кандидати во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Мадагаскар, пишува АФП. Агенцијата наведува дека Русија го користела Брисел како центар за фондации кои поддржуваат десноекстремни кандидати. Освен тоа, земјата се обвинува и дека на рускиот амбасадор во Еквадор му испратила големи суми пари во периодот од 2014 до 2017 година, најверојатно со цел да влијае врз изборите.

Американската влада, како што се вели, одлучила да објави делови од истражувањето за да се делува против ваквото однесување на Русија.

Неименуваниот претставник на американската влада во американските медиуми е цитиран со зборовите: „Со тоа што фрламе светло врз тајното руски политичко финансирање на овие странски партии и кандидати им ставaме до знаење дека можеме и дека ќе откриеме доколку тајно земаат руски пари.“

САД одамна ја обвинуваат Русија за мешање и во американските избори. Според американските тајни служби, Русија на претседателскитАмерикански тајни служби: Путин сакал да му наштети на Бајден на изборитее избори во САД во 2020 година застанала на страната на тогашниот американски претседател Трамп и правела напори да му наштети на неговиот предизвикувач Бајден.

Русија на претседателските избори во САД во 2020 година застанала на страната на Трамп и правела напори да му наштети на Бајден, тврдат американските тајни служби
Русија на претседателските избори во САД во 2020 година застанала на страната на Трамп и правела напори да му наштети на Бајден, тврдат американските тајни службиФотографија: Jim Watson/Brendan Smialowski/AFP/Getty Images

Русија во 2020 година се концентрирала на дезинформации и за разлика од изборите во 2016 година не правела обиди за директно поткопување на изборната инфраструктура во САД. На претседателските избори во 2016-тата, Русија, според уверувањето на американските безбедносни власти, интервенирала во полза на кандидатот Трамп со цел да се закочи демократката Хилари Клинтон.

Во текот на изминатите месеци американската влада повеќепати објави сознанија од тајните служби во врска со Русија, со цел да го зголеми притисокот врз Москва.