1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Американска влада: Не знаевме дека претстои напад на Хамас

ЕМФ / дпа
4 декември 2023

Американската влада вели дека немала претходни сознанија за планиран голем напад на терористичкиот Хамас. Весникот „Њујорк Тајмс“ напиша дека Израел имал информации за потенцијален напад на Хамас една година пред нападот

https://p.dw.com/p/4Zjpa
Џон Кирби, директор за комуникациии на Советот за безбедност на САД
Џон Кирби, директор за комуникациии на Советот за безбедност на САДФотографија: Anna Moneymaker/Getty Images

Директорот за комуникации на Националниот совет за безбедност на САД, Џон Кирби, тврди дека американската влада немала претходни сознанија за планиран голем напад на терористичкиот Хамас врз Израел. Весникот „Њујорк Тајмс“ пред неколку дена напиша дека Израел имал информации за потенцијален напад на Хамас од вакви димензии повеќе од една година пред да се случи нападот на 7 октомври.

Џон Кирби за телевизијата Ен-Би-Си вчера (3.12) изјави: „Нашите разузнавачки служби рекоа дека го виделе тоа, но во тој момент немале индикации за зголемен аларм во врска со тој документ или некакви сознанија за тоа.“

Според „Њујорк Тајмс“, израелските власти имале опсежна размена на информации во врска со документ на 40 страници со кодно име „Јерихон-ѕид“, кој скицирал план за борба на Хамас. Тој бил до детали сличен со нападот што терористите на Хамас го извршија во Израел на почетокот на октомври, пишува весникот. Документот, според „Њујорк Тајмс“, бил во рацете на израелските власти пред повеќе од една година и циркулирал во воените кругови и тајните служби. Меѓутоа, на крајот, експертите процениле дека планот е преамбициозен и за Хамас - претежок за реализација.

Во документот, кој весникот, како што се тврди, го поседува во преведена верзија, нема датум за нападот, но содржи опис на методите за напад со кои може да се поминат утврдувањата околу Појасот Газа, може да се заземат израелски места и да се нападнат важни воени бази. Хамас при нападот на почетокот на октомври „со застрашувачка прецизност“ следел таков план, напиша „Њујорк Тајмс“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема