1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алиса во Земјата на чудата - светлосна изложба во Белград

4 јануари 2024

Со помош на светлина и звук, во Белград се оживеани јунаците од романот на Луис Керол - „Алиса во земјата на чудата“. Мултимедијалната изложба има за цел преку приказната за Алиса да покаже колку е важно да се развива имагинацијата и креативноста не само кај децата, туку и кај возрасните.

https://p.dw.com/p/4aZwB

Белград за првпат се претвори во светлечка „земја на чудата“. Белиот Зајак, Шапкарот и многу други се дел од мултимедијалната изложба и проектот на отворено наречен „Градина на светлата“.

„Мислам дека тоа најмногу им значи на најмалите, со оглед на тоа што во денешниот свет има сѐ помалку креативност и фантазија. Многу е важно да се поттикне таа имагинација, особено кога сме мали, а мислам и кога сме големи, бидејќи тогаш забораваме како е да се фантазира“, вели актерката Уна Козиќ.

Светлечките поставки со звучен запис верно ги прикажуваат сите сегменти од патувањето на Алиса.

Повеќе во видеото.
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема