Путин повика на меѓународно обединување на Денот на Европа
9 мај 2017Русија традиционално ја одбележува победата над нацистичка Германија во 1945 година секој 9 мај со воена парада во Москва.
„Оваа монструозна трагедија не беше спречена најмногу поради премолчувањето на криминалната идеологија на расната супериорност и поради недостигот на единство меѓу водечките светски нации“, порача Путин.
„За ефективна борба против тероризмот, екстремизмот, нео-нацизмот и другите закани, неопходна е консолидација на целата меѓународна заедница“.
Советскиот сојуз загуби 26 милиони луѓе во војната, вклучително и 8 милиони војници, а огромното страдање му дава на Денот на победата над фашизмот статус на најзначаен секуларен празник во Русија.
Густите облаци годинава го спречија традионалното големо финале на парадата- надлетувањето на воените авиони.
Околу 10 илјади војници учествуваа во централната парада на Црвениот плоштад во Москва, а слични манифестации се одржаа и во други руски градови, како и во Крим.
Премиера во јавноста на годинешната парада имаа новите мобилни ракети земја-воздух од типот Тор и Панцир.