1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

8 мај во Германија

9 мај 2005

Коментар на Феликс Штајнер

https://p.dw.com/p/AcFe
Келер и Шредер полагаат венец на споменикот Нова Стража
Келер и Шредер полагаат венец на споменикот Нова СтражаФотографија: AP

8 мај со децении беше тежок датум за Германија. Пресврт се случи дури со легендарниот говор на сојузниот претседател Рихард фон Вајцекер во 1985 година. Во квечерината на 60-годишнината медиумите во Германија беа полни со историски материјал. Сведоците со оваа тркалезна годишнина ја искористија веројатно последната можност да се јават за збор.

Претседателот на Бундесатгот Волганг Тирзе на почетокот на специјалната седница погоди во целта: искрениот однос кон сопственото минато стана дел од колективниот идентитет на Германците. На оваа реченица веднаш се придодаде сржта од говорот на сојузниот претседтел: Германија денес е поинаква земја отклку пред 60 години. Обајцата, Хорст Келер и Волфганг Тирзе, имаат право. Во Германија денес веќе не мора да се дискутрира за тоа дали 8 мај 1945 година беше ден на пораз и пропаст, или ден на ослободувањето. Според една актуелна анкета, констатацијата на тогашниот претседател Рихард фон Вајцекер што пред точно 20 години се најде во насловите, денес ја споделуваат осуммина од 10 Германци. Подеднакво е неспорно што сите неправди и злостортсва што ги искусија Германаците за време и по војната – пред се бомбардирањето на германските градови или протерувањето на 12 милиони источни Германци, својата причина ја имаат во политиката на Адолф Хитлер. Оттаму и пропаста на Германија може да се датира веќе на 30 јануари 1933, на денот кога Хитлер ја презеде власта. Неспорно е и тоа – сојзуниот претседател уште еднаш подвлече – дека нема и не може да има завршна линија. Сеќавањето на сивилото на војната и нацистичкото владеење, со сите нивни зла, мора да се задржи за никогаш веќе да не може да се повтори.

Кај огромното мнозинство од населението во Германија за ова постои косензус. Овој консензус обезбеди простор за нови гестови на помирување на оваа 60-годишнина. За најважното се погрижи канцеларот Герхард Шредер: не само што како прв германски канцелар учествува во комплетната програма на манифестациите во Москва, туку во весникот „Комсомолскаја правда„ побара простување од рускиот народ за она што му беше направено од германско име.Оној што знае за ужасниот однос кон советските воени затвореници и принудни работници во германскиот Рајх, како и за бруталноста на германскиот окупаторски режим во тогашниот Советски сојуз, ќе се праша, зошто дури сега дојде таа молба.

Сличен гест повлече и сојузниот претседател кон последните се уште живи сведоци во Германија. Опширно и детално како никој друг шеф на државата пред него, тој ги спомна злосторствата, носењето приднудни работници, масовните силувања, протерувањата што не ги преживеа секој шести од погодените 12 милиони луѓе.

Тагата по сопствените жртви е легитимна, а за една искрена и вистинска култура на сеќавање дури неопходна. Тоа е можно и зашто во модерна Германија не станбува збор за тоа да се оправдуваат жртвите, или да се релативизира германската вина, уште помалку за повик на одмазда.

Најважниот сигнал по повод 60-годишнината од завршувањето на војната го испрати берлинскиот народ. Нео-нацистите кои не сакаат да ги научат лекциите од историјата и десните екстремисти сакаа

да го искористат 8 мај во центарот да Берлин да ја демонстрираат својата наводна сила. Меѓутоа, берлинскиот сенат го блокираше плоштадот кај Бранденбуршката порта со еден празник на демократијата. А граѓаните на градот, кој пред точно 60 години како малку кој друг германски град ја доживеа бруталноста на последните денови од војната, дојдоа со илјадници. Да се потсетат на минатото и да слават за она што се позитивно се случи во изминатите 60 години. И дојдоа да им покажат на екстремистите од Национал-социјалистичката партија на Германија, дека се апсолутни аутсајдери во Германија. Всушност, откажувањето на најавените демонстрации на околу 2 ипол илјади десни ексремисти со оглед на надмоќноста на демократите по улиците во центарот на Берлин, беше најубавата вест на денот.

Ако е точна старата теза дека во односот кон 8 мај се покажува дали Германија е цврста демократија со развиена политичка култура, тогаш Германија 60 години по завршувањето на војната покажа повеќе од убедлив доказ.

Феликс Штајнер