1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

750 години Калининград – самит на Русија, Германија и Франција

4 јули 2005

На маргините на вчерашната прослава на 750-годишниот јубилеј на Калининград, се одржа тројна средба на Русија, Германија и Франција на највисоко ниво. Во центарот на разговорите беа теми од светската политика.

https://p.dw.com/p/AcnQ
Шредер, Путин и Ширак во монденското летувалиште Светлогорск
Шредер, Путин и Ширак во монденското летувалиште СветлогорскФотографија: dpa

Средбата на Владимир Путин, Герхард Шредер и Жак Ширак се одржа фактички во луксузното летувалиште Светлогорск, место каде богатите Пруси од Кенигсберг или денес Калининград порано летувале. Зошто токму таму се одржува средбата на традиционалната тројка, како и зошто на прославите во Калиниград не беа поканети претседателите на соседните Полска и Литванија, се обиде да појасни домаќинот Путин.

„Што се однесува до тоа што некој ни се лути оти не сме го поканиле, сметам дека тоа е новинарска фантазија. Прославите на 750-те години на Калиниград-Кенигсберг ги претворивме во внатрешна работа на Русија.„

Затоа е и нејзина волја кого ќе покани, а кого не, порача Владимир Путин пред новинарите. Германскиот канцелар беше поканет затоа што Универзитетот во Калининград го носи името на славниот германски филозоф Имануел Кант кој живееше во овој град. Да се викаше Шопен како полски компзитор, тогаш ќе го поканевме полскиот претесдател Квашњевски. Шредер е прв германски канцелар кој има чест да престојува во руската енклава, која порано и припаѓала на Германија.

„Затоа не ме трогнува само мене, туку и многумина други во Германија. За нив овој град кој денес е руски и се вика Калиниград, остана во нивните срца за секогаш Кенигсберг. Тоа ќе го сфатите се надевам без каква и да е резерва при тоа што се однесува до територијалниот интегритет на Русија.

На кусиот самит стана збор за повеќе светски теми, како желбата на Германија за место на постојана членка во Советот за безбедност на ОН, при што Шредер смета оти ја добил поддршка од домаќинот Путин, за претстојниот самит на Г8 и помошта за Африка, како и за иранската атомска програма.