Историја
75 години од бомбардирањето на Дрезден
13 февруари 2020Реклама
Пред 75 години Дрезден беше бомбардиран од страна на сојузничките сили. Врз градот беа фрлени 2.700 тони бомби и запаливи материјали. Градот беше речиси целосно разурнат. Во бомбардирањето и пожарите загинаа околу 25.000 луѓе.
Ернст Хирш во тоа време имал 9 години. Тој се сеќава:
„Се' беше во пламен. Се' уште ми се пред очи пламените јазици над покривите.“
Сојузничките сили аргументираа дека бомбардирањето има стратешко значење. Но, обемот на деструкцијата до денес предизвикува контроверзи.
Повеќе во видеото: