1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

70 години Централен совет на Евреите во Германија

15 септември 2020

Пред 70 години беше основан Централниот совет на Евреите во Германија. Негова задача беше грижата за новиот живот на Евреите во земјата на холокаустот.

https://p.dw.com/p/3iU6j
Deutschland Mann mit Kippa
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst

Тоа беше провизориум. Пет години по холокаустот, масовното убиство на шест милиони Евреи од страна на нацистичка Германија, претставници на повторно оживеаната еврејска заедница го основаа „Централниот совет на Евреите во Германија“ - знак на постоење на еврејски живот во земјата на убијците.

Првите еврејски заедници заживеаја само неколку недели по крајот на Втората светска војна и победата на сојузниците над нацистичка Германија во 1945 година. Еврејската заедница во Минхен (Israelische Kultusgemeinde), денес една од најголемите еврејски заедници во земјата, минатиот јули одбележа 75 години од повторното основање. До крајот на 1945 година, во Германија беа повторно основани 51 еврејски заедници. Во моментот на основање на Централниот совет на Евреите во Германија живееја 15.000 Евреи. На почетокот, како што се вели од Централниот совет на Евреите, имало претставници и на источногерманските заедници, но бројот на Евреи кои во ГДР немаа слична институција, опадна. Во 1989 година имаше пет заедници, со само околу 500 Евреи.

Deutschland Novemberpogrome 1938
За време на погромот во 1938 година, Евреите во Германија беа прогонувани и јавно понижуваниФотографија: KEYSTONE/picture-alliance

Помош за преживеаните

„Централниот совет не е основан како застапништво на интересите на Евреите во Германија под аспект на еврејскиот живот за 50, 70, 100 години“, вели Јозеф Шустер. 66-годишниот медицинар е шест години претседател на Централниот совет на Евреите. Шустер објаснува дека Советот во моментот на основање се сметал за „организација за поддршка“. Таа требало да ја олесни „трансмиграцијата“ на преживеаните од централна и источна Европа, и „иселувањето“ на Евреите од Германија.

Но, работите излегоа поинакви. Евреите останаа онаму каде што нивните фамилии живееле со векови. Или се вратија од земји кои во времето на прогон им имаа пружено прибежиште. Јозеф Шустер е еден од нив. Неговите татко и дедо ги преживеале концентрационите логори во Дахау и Бухенвалд, подоцна од Германија заминале за Палестина. Шустер е роден во Хафија, во 1954 година. Кога имал три години, неговата фамилија се вратила назад, во Германија.

Josef Schuster, Präsident des Zentralrates der Juden in Deutschland
Јозеф Шустер е шест години претседател на Централниот совет на ЕвреитеФотографија: picture-alliance/dpa/G. Fischer

Свесна одлука за живот во Германија

„Долго време и во еврејските кругови беше проблематично да се изјасниш дека свесно си одлучил да живееш во Германија“, вели Шустер. Тоа се промени дури во 1970-те, кога претседател на Централниот совет на Евреите беше Бернер Нахман. „Тој беше првиот кој отворено рече: ’Да, во Германија постои еврејски живот’.“ Од Израел постојано доаѓаа критики, на многумина им беше незамисливо во земјата на извршителите да има еврејско секојдневие. Подоцна, во 1990-те, тогашниот претседател на Централниот совет на Евреите, Игнац Бубис, ја изговори важната реченица: „Јас сум германски државјанин со еврејска вероисповед.“

Денес Советот е признато застапништво на интересите на етаблираните еврејски заедници во Германија. Нему му припаѓаат 105 заедници, со, според официјалните податоци, околу 100.000 членови. Претставниците на Советот се почитувани авторитети во земјата, медиумски барани и меѓународно поврзани. Шустер, кој е осми претседател на Централниот совет на Евреите, е и потпретседател на Светскиот еврејски конгрес и на Европскиот еврејски конгрес.

ПовеќеШто мора да направи Германија, 75 години по Аушвиц

Секојдневие под полициска заштита

Сепак, заканите и антисемитизмотсе дел од секојдневието на Евреите во Германија. Пред канцеларијата на Централниот совет на Евреите во центарот на Берлин деноноќно има полициска стража. Слика која може да се види и пред многу други еврејски претставништва во Германија. Навредливи графити, секојдневни закани... Постојано доаѓа до напади врз Евреи. Тие се главно мотивирани од десен екстремизам, но има и извршители мигранти.

Последно земјата беше потресена во октомври 2019 година, кога осомничен десен екстремист не успеа да изврши масовно убиство во синагога во Хале. Тој уби минувач и вработен во донер-ресторан. „Немам чувство дека бројот на луѓе со антисемитистичко размислување се зголемил во споредба со времето пред десет, или дваесет, или триесет години“, вели Шустер. Но, додава дека има чувство, за што инаку ја обвинува деснопопулистичката партија АфД, „дека има подготвеност за артикулирање на таквото размислување“.

Symbolbild - Antisemitismus - Polizei vor Synagoge
Полициска заштита пред еврејски објекти е секојдневна слика во ГерманијаФотографија: Getty Images/AFP/M. Tantussi

Глас кој е потребен

По повод јубилејот на Централниот совет на Евреите, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер рече дека Советот е „важен глас кој е потребен и кој се слуша“. Еврејскиот живот во земјата во текот на изминатите децении се разви „во сета своја разноликост“, вели Штајнмајер. Но, и тој ја нагласува постојаната закана. Денес, вели Шустер, се важни „самоуверен Јудаизам, самоуверен еврејски живот“. Тие треба да бидат интегрален дел од општеството кој се подразбира.

Еврејската заедница во 2021 година ќе одбележи уште еден голем јубилеј - 1700 години еврејски живот во Германија.