6 клучни моменти за 6-тата последователна титула на Бајерн Минхен
Откако Бајерн Минхен се опорави од лошиот старт на сезоната, неговата шестта последователна шампионска титула во Бундеслигата никогаш вистински не беше доведена во прашање.
Ариведерчи Анчелоти, хало Хајнкес
Без сомнение најклучниот меч за последната титула во Бундеслигата за Бајерн беше во Лигата на шампионите. Баварците загубија со 3:0 од Парис Сен Жермен, понижувачки пораз кој водеше кон отпуштање на Карло Анчелоти. Бајерн дотогаш во 6 лигашки кола имаше собрано 14 бодови, 5 помалку од првопласираната Борусија Дортмунд. Набргу потоа на жешкото столче во Минхен по четврти пат се врати Јуп Хајнкес.
Демонстрација на супериорност, прв дел
На почетокот на ноември, Бајерн беше изедначен на табелата со Борусија Дортмунд и имаше еден бод повеќе од Лајпциг- вицешампионот од минатата година. Овој натпревар беше најавуван како судир за титулата, но брзиот црвен картон за Вили Орбан од Лајпциг, ја одзема сета неизвесност. Хамес Родригез и Роберт Левандовски погодија за повторно враќање на Бајерн на врвот на табелата.
Демонстрација на супериорност, втор дел
По фантастичниот почеток на сезоната, формата на Дортмунд нагло се влоши, додека на Бајерн беше во подем. Сепак евентуална победа на Борусија во 11. коло можеше да го врати тимот на 1 бод помалку од ривалот од Минхен. Но Бајерн не го допушти тоа. Арјен Робен го отвори резултатот и ја потврди фаворитската улога на Минхенчани за титулата, додека пак Борусија продолжи да „тоне“ на табелата.
На врвот за Божик
Победата од 1:0 против Штутгарт е една од оние победи, толку типични за Бајерн Минхен. Во последните минути од мечот во овој случај победата на Баварците им ја донесе Томас Милер. Со овој триумф во 17. коло Бајерн стекна огромна предност од 11 поени на врвот на табелата, со која замина на зимската пауза.
Новодојденецот за импресивен камбек
Сѐ изгледаше розово по зимската пауза, но имаше и неколку пречки на патот- посебно мечот од 20. коло против Хофенхајм, во кој Бајерн по 12 минути губеше со 2:0. Но Минхенчани ја докажаа својата добра форма и супериорност со импресивен камбек и победа од 5:2 која ја „завери“ јануарското засилување Сандро Вагнер, со својот прв гол за Бајерн.
Кралот Хамес
Многумина шпекулираа дека Хамес Родригез нема добро да функционира во Бајерн, особено по заминувањето на Анчелоти. Но Колумбиецот е еден од најдобрите играчи на клубот во сѐ уште актуелната сезона и токму неговиот гол против Аугзбург во 29. коло од Бунеслигата не само што значеше водство на Минхенчани туку и потврда на шестата последователна шампионска титула на Баварците во Бундеслигата.