1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

50 години Мекдоналдс: не само успешен светски концерн, туку и симбол за американската култура

15 април 2005

Жолто, извиткано М врз црвена подлога – кој не го знае знакот на МекДоналдс, симболот за американизација на животниот стил и за глобализираниот свет на фаст фуд, брзата храна? На денешен ден пред 50 години започна победничкиот поход на МекДоналдс со отворањето на првиот ресторант во Дес Плеинс во американската сојузна држава Илиноис. Денес ги има 30 илјади во 119 земји, кои опслужуваат 50 милиони муштерии дневн

https://p.dw.com/p/Aexf
Ширум светот познат и застапен симбол: МекДоналдс во Пекинг
Ширум светот познат и застапен симбол: МекДоналдс во ПекингФотографија: AP

о.

„Ми се допаѓа БигМек. Во МекДоналдс се брзи, добри, а и чисто е. Освен тоа, тука има и убави луѓе“. „Јадењето има убав вкус, а тие имаат и голем избор. Ми се допаѓа“ – вели „гласот на народот“.

Претпријатието до Оук Брук во Илиноис е повеќе отколку само успешен светски концерн. „МекДоналдс е симбол за американската култура“ – вели Џејмс Вотсон, професор по антропологија на Харвардскиот универзитет.

Нема уживање, без каење: Американците – 30 насто од децата и две третини од возрасните - страдаат од дебелина. На врвот меѓу можните виновници стои МекДоналдс. „Дебелината е многу голем проблем во САД. Многу луѓе бараат решение, но и некого, кому ќе му ја префрлат вината. Сметам дека ќе биде многу тешко колективни тужби против фастфуд-индустријата да постигнат сличен успех како против тутунската“ – оценува професор Вотсон.

Од пред подолго време МекДоналдс се обидува на критичарите да им контрира со проширена нискокалорична понуда. Муштериите не изгледаат премногу загрижени: „Ви изгледам ли дебел?“

Во средата концернот, сега предводен од 60-годишниот Џим Скинер, ги повиши прогнозите за првиот квартал од годинава. Вредноста на акциите, по кризата пред две години, во меѓувреме е трикратно зголемена.

Првата филијала во Германија МекДоналдс ја отвори пред 34 години во Минхен. Долго време бизнисот овде, како и во Европа, не одеше добро. Сега со специјални понуди како пилешки сендвич за едно евро МекДоналдс сака повторно да ги привлече Германците.