Македонија одбележува 25 години од приемот во Организацијата на Обединетите Нации. На 8 април земјата стана 181 членка на Светската организација под името Поранешна југословенска република Македонија. Овој јубилеј се совпаѓа со засилените преговори со Грција за конечно решавање на спорот за името.