150 години Хајнекен
Со консеквентна извозна стратегија едно мало семејно претпријатие од Амстердам прерасна во светски гигант. Како почна производителот на пиво Хајнекен, а каде е денес?
Херард, основачот
Херард Адриан Хајнекен (1841-1893) ја презел малата пиварница на 22-годишна возраст и и‘ го дал своето име. Со тоа го поставил темелот на семејната династија. Неговата бизнис линија - силна извозна ориентација, е основата на пивската империја.
Од „Хајстак“ стана „Хајнекен“
Седиштето на пиварот Хајстак во Амстердам (овде во 1868 година) станува седиште на фирмата. Таму се правело слабо ферментирано пиво, кое трае особено долго и е соодветно, на пример, за долги бродски патувања.
Ротердам - вратата кон светот
Во 1873 година во Ротердам е изградена нова, модерна пиварница. Во пристанишната метропола веќе била создадена креативна сцена, која станала целна група на Хајнекен.
Од визија до наука
Во новите лаборатории се работело на продолжување на рокот на траење на пивото. Денес има само околу 30 холандски пиварници, но во тоа време конкуренцијата била огромна - на почетокот на минатиот век, околу 1900 година, во Холандија имало стотици мали пиварници.
„Пивска катедрала“ наместо пиварница
Полуиронично, полузастрашувачки новата пиварница била крстена како „Пивска катедрала“. За димензиите одговорен бил архитектот Виљем Кромхаут (1864-1940).
Подем до лидер на домашниот пазар
Домашната конкуренција била победена. Марвејк Кој (во средина) наздравува со Алфред Хајнекен (втор од лево), внук на основачот на фирмата, по успешното преземање на Амстел (претпријатието на Кој) од страна на Хајнекен.
Експанзија во странство
Хајнекен со преземање на Амстел ја презеде најважната марка пиво во Грција. Хајнекен правеше огромна реклама и во останатите јужноевропски земји, како овде во Милано, во 1974 година. Регионализираниот пазар на пиво во Германија во тоа време е помалку интересен.
Киднапирање
Со падот на Железната завеса, Хајнекен се шири и во земјите од поранешниот Источен блок. Алфред Хајнекен (фото од 1989 год.) од јавноста се повлече по неговото киднапирање во 1983 година, од страна на бандата на Кор ван Хаут. Полицијата го ослободи заедно со неговиот возач по три недели, но половина од парите кои му беа исплатени на киднаперот Ван Хаут (35 милиони гулдени) никогаш не беа најдени.
Од Амстердам до Азија
Во 2012 година Хајнекен го презеде пивскиот лидер на пазарот во Азија - Азија Пацифик. Концернот, кој во меѓувреме го води Жан-Франсоа ван Боксмиер, денес најголема добивка остварува во земјите во забрзан подем.