1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

15 деца се лекуваат од Ковид-19 на Детската клиника

СН/агенции
29 април 2021

Ниту едно од децата не е во загрозувачка состојба, изјави директорката на Детската клиника во Скопје, Аспазија Софијанова. Трендот на намалување на новозаразените кои се лекуваат во болница е зебележлив и кај децата.

https://p.dw.com/p/3sjLy
Mazedonien Coronavirus Uniklinik in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Во моментов на Клиниката за детски болести во Скопје се лекуваат 15 деца заболени од Ковид-19.

Според директоторката на клиниката, Аспазија Софијанова сите деца се во стабилна состојба

 „Во моментов има околу 15 деца со 15 мајки кои се ковид-позитивни. Сите се стабилни. Ги лекуваме поради евентуална можност за компликација и дел од нив веќе ги испишуваме во сосема стабилна состојба. Нема ниту едно дете во загрозувачка состојба“, изјави Софијанова одговарајќи на новинарски прашања.

Повеќе:

-Се чекаат кинеските вакцини за почеток на масовната имунизација

-Велигден и Бајрам без полициски час

Таа нагласи дека епидемиолошкиот тренд во земјата  на намалување на бројките на позитивни на коронавирусот и на лица кои се лекуваат од Ковид-19, е забележлив и кај децата.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера исто така нагласи дека паѓаат
бројките на новодијагностицирани и оти тоа се чувствува и во болниците каде притисокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција како што беше случај на почетокот на април, кога третиот бран на коронавирусот во земјата достигна пик.