1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

15 годишен поход на www

Клаус Улрих30 април 2008

Денеска се одбележува 15 години од кога во Европскиот истражувачки центар се роди софтверот world wide web. Никој не можеше да претпостави дека интернет кратенката www ќе го освои светот.

https://p.dw.com/p/DrHx
Фотографија: Bilderbox

Денеска трите ве ве ве или www се најчесто чуканите зборови во светот. Кон крајот на 80-те години, британскиот физичар Тим Бернерс Ли и белгијанецот Роберт Кајо во Европскиот истражувачки центар во Женева дојдоа на идеја да креираат мрежа информации кои би го покривале целиот свет. Интернет компјутерската мрежа физички веќе постоеше. Со неа беа поврзани научници ширум светот, но како што вели Роберт Кајо...„Ни‘ беше потребен единствен стандард. Постоеја податоци кои беа меѓународно достапни, но за нив беше потребен посебен терминал, шифра и користењето мораше да се плати. Сето тоа беше многу компликувано.“

На научниците им беше јасно со каков предизвик се соочени

Требаше да се пронајде заеднички систем за размена на информации.

„Идејата беше да созададеме систем во рамките на кој може да се разменуваат документи и линкови. Тим Бернерс Ли за инфраструктура ја избра компјутерската интернет мрежа која веќе се употребуваше во академските кругови. Пред да се пушти во употреба првиот прототип, го избравме името - world wide web, што во превод значи светски раширена мрежа, бидејќи кога ќе исфрлите нешто такво на пазарот, сите сакаат да се приклучат. Затоа мрежата не можеше да биде помала, туку мораше да го покрива целиот свет“.

Во 1989 година, Бернерс започна да ги пишува потребните програми кои на корисниците им овозможува без компликувани команди да одат од еден текст на друг. Со помош на таканаречениот браузер можеше да се читаат текстови и од далечни сервери. Секако дека и порано имало слични идеи, но...„Новината беше едноставната употреба. Сега може многу едноставно да се најде некоја интернет страна. Можете да читате што сакате. Само со еден клик можете да се движите низ богатиот универзум од документи“

Точно пред 15 години во 1993 година, ЦЕРН го стави софверот www во мрежата, но со едно патентирано право - да биде достапен секому и бесплатен.