1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Џенерал моторс“ не го продава „Опел“

4 ноември 2009

„Џенерал моторс“ нема да го продава германски „Опел“, чиј сопственик е тој. „Опел“ требаше да премине во рацете на австриско-канадската фирма „Магна“. Германската влада изрази жалење поради одлуката на Американците.

https://p.dw.com/p/KMu4
Фотографија: AP

Како што беше соопштено синоќа, Управниот одбор во Детроит решил „Џенерал моторс“ самиот да го санира работењето на европскиот дел од фирмата „Опел“. За таа цел, на германската влада ќе и‘ биде понуден план. Шефот на „Џенерал моторс“, Фриц Хендерсон процени дека трошоците на реструктуирањето ќе изнесуваат околу три милијарди евра. Вториот човек на „Џенерал моторс“, Џон Смит, веќе долго време предупредуваше да не се врши фиксирање врз „Магна“. Зошто би се вршела продажба на „Опел“, технички водечкиот и споредбено најздравиот дел на фирмата, прашуваа во последниве денови се‘ поголем број членови на новиот Управен одбор, кој беше формиран од владата на американскиот претседател Барак Обама.

Експертот за „Џенерал моторс“ од весникот Детроит Фри Прес, Џастин Хајд оценува: „’Опел’ е централен дел на ’Џенерал моторс’, и тоа не само во однос на продажбата, туку во технолошкиот развој, за тоа Управниот одбор се‘ повеќе е свесен. Доколку го продаде ’Опел’, ’Џенерал моторс’ би бил само обичен производтел на автомобили, кој би немал никаква контрола врз европскиот дел.“

Во Берлин одлуката е примена со жалење. Со неа се прекинува процес за избор на инвеститор кој траеше цели шест месеци, потенцираше портпаролот на германската влада Улрих Вилхелм. Владата очекува „Џенерал моторс“ да ги врати средствата кои ги доби на име на преодно финнасирање од 1,5 милијарди евра. За германската канцеларка ова значи дури и личен пораз, таа лично се залагаше за инвеститорот „Магна“.

Планот на „Џенерал моторс“ наиде на критика и кај вработените во Опел, кои стравуваат од затворање на погони во Германија.

Автор: Ралд Зина / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи