1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѓинѓиќ- човек за пресврт

Клаус Даман12 март 2008

На 12-ти март пред пет години сред бел ден во центарот на Белград беше убиен српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.Се’ до денес владеат контроверзи: предавник или синоним за испуштена иднина на Србија?

https://p.dw.com/p/DNR2
Убиениот српски премиерФотографија: AP

Пред пет години беше убиен српскиот премиер Ѓинѓиќ.Веднаш потоа беше воведена вонредна состојба, спроведени големи рации. Беше востановен и специјален суд, кој и покрај многубројните попречувања лани двајца водачи на специјална полициска единица осуди на по 40 години затвор и уште осум други лица на казни од 8 до 35 години затвор.

Кои беа ставовите на Ѓинѓиќ?

28-ми јуни 2001. Зоран Ѓинѓиќ демонстрира смелост, наспроти волјата на илјадници демонстранти и на тогашниот југословенски претседател Воислав Коштуница - го испрати Слободан Милошевиќ во Ден Хаг, во Судот за воени злосторства во некогашна Југославија. Притоа, Ѓинѓиќ се повика на одредба од Уставот на Србија, порано внесена токму од Слободан Милошевиќ, дека републиката може да го суспендира правото на југословенската федерација, ако тоа служи за општо добро. „За да се спречат штети што и’ се закануваат на нашата земја, се решивме да го спроведеме член 135 од Уставот на Србија“ - Српскиот премиер тогаш аргументира дека со израчувањето на Милошевиќ ја поштедил Србија од финансиски санкции на меѓународната заедница. Уште во 1998-ма година нему за прв пат му успеа еден триумф над Милошевиќ: по речиси тримесечни масовни демонстрации тој мораше да ја признае победата на Ѓинѓиќ на иборите за градоначалник на Белград. Затоа, пак, подоцна го шиканираше толку долго, додека Ѓинѓиќ не се откажа од функцијата.

За време на бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО во 1999-та Ѓинѓиќ се обидуваше да организира сојузи против Милошевиќ - не само со опозиционите партии во Србија, туку и со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, но не можеше да го потисне од власта.

Клучни претседателски избори

Во тоа успеа дури во текот на претседателските избори во 2000-та година, на кои Ѓинѓиќ го подржа дотогаш политички неафирмираниот Воислав Коштуница и го доведе до победа. на парламентарните избори во Србија, што уследија потоа, опозиционата коалиција на Зоран Ѓинѓиќ ги збриша о последните остатоци од режимот на Милошевиќ, а тој стана премиер. Во наредните години се искристализираа првите конфликти со неговиот некогашен сојузник Коштуница, пред се’ кога Ѓинѓиќ започна да му ги израчува на хашкиот Трибунал осомничените за воени злосторства. Освен тоа српскиот премиер ги подржуваше настојувањата Југославија да се претвори во лабава заедница, и така постигна Коштуница како претседател без држава да мора да ја напушти функцијата. Ѓинѓиќ шегобијно го коментираше спорот: „Со господин Коштуница немам никаков конфликт, оти ние воопшто не сме на иста бранова должина - јас не го разбирам него, тој не ме разбира мене. Во тоа сјајно се согласуваме“. На критика во сопствената земја наиде и ставот на Ѓинѓиќ во однос на Косово: тој не исклучуваше отцепување на покраината под управа на ОН, мултиетничко Косово го сметаше за „илузија“. До денес ниеден српски политичар не се осмелува да застапува такво мислење.

►◄