1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шулц: Ципрас гледа во понор

Т. Шпан / ЕМФ27 јуни 2015

Претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц во интервју за ДВ ја предупреди грчката влада да не ги раздразнува премногу преговорите со Еврогрупата.

https://p.dw.com/p/1FoGw
Фотографија: AFP/Getty Images/P. Hertzog

Претседателот на ЕП Мартин Шулц во телевизиско интервју за Дојче веле изјави: „Ако калкулацијата на грчката влада се состои во тоа да каже: ќе ги користиме нашите карти до последен момент, зашто тие ќе платат вака или онака, тогаш мислам дека владата тешко се лаже. За тоа на крајот сметката ќе ја плати грчкиот народ, а не играчите.“

Сепак, Шулц има и разбирање за владата во Атина: „Станува збор за тоа на оние од другата страна да им се каже - го гледаме социјалниот притисок што го имате. Но, ве молиме сфатете дека нашата Унија може да функционира само ако сите се држат до правилата. Јас сум оптимист и останувам на ставот дека на крајот во политиката, дури и кај идеолозите, во прв план испливува разумот, особено кога ќе се погледне во понорот. Тоа е моето искуство, а моето чувство е дека тие токму сега гледаат во тој понор.“

Мартин Шулц бара трпение од двете страни и солидарност од ЕУ во однос на Грција. „Кога во едно семејство имате петмина љубезни и еден кој не ’танцува’ како другите, што ќе направите? Ќе го растурите семејството? Ќе ги казните сите што се однесуваат добро? Нема да ги исфрлите децата ако сакате да го зачувате семејствто.“

Според него, грчката влада загубила драгоцено време, поради тоа што Алексис Ципрас по стапувањето на функцијата погрешно се поставил кон ЕУ. „Ципрас дојде овде како партиски лидер, во стил на еден партиски лидер, а не во стил на премиер. Сега тоа се промени“, изјави Шулц во ТВ-интервјуто за Дојче веле.Т.