1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шулц: Нема надеж за почеток на преговори со Македонија

БГ/макфакс28 ноември 2012

Претседателот на Европскиот парламент во Вашингтон јасно стави до знаење дека нема надеж оти Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ без да ги реши проблемите.

https://p.dw.com/p/16qyM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Процесот на проширување на ЕУ нема да запре, но можноста да се отворат преговорите со Македонија останува отворено прашање, порача претседателот на Европскиот парламент(ЕП) Мартин Шулц во настап на Школата за напредни меѓународни студии на универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.

„Во Европа имаме криза на политичкиот систем и проширувањето е многу добар пример. За да се отворат преговори за членство во ЕУ, потребно е едногласна согласност на сите членки. ЕУ сe‘ уште не го решила својот проблем, сe‘ уште не сме решиле дали сакаме да бидеме федерација или заедница на суверени држави. Ова нерешено структурно прашање останува огромен проблем во работењето на Европската унија и игра голема улога во проширувањето, бидејќи ако треба сите држави да се согласат, секогаш има по еден или двајца што имаат проблем. За Македонија, го знаете вашиот сосед, кој има огромен проблем со вашето име, Македонија“, рече Шулц, одговарајќи на новинарско прашање.

Околу очекувањата на Македонија, по препораката на Европската комисија да се отворат преговори и без решение на спорот за името, Шулц вели дека не може да даде надеж.

„Јас имав голема надеж, дека Македонија може да биде одличен пример за мултиетничко општество, со Устав кој е основа за взаемно почитување на различните етнички групи и со политички систем кој ги намалува разликите и овозможува заеднички цели. Ова е духот на договорот од Охрид. Сепак, посветеноста на двете етнички заедници е намалена, а проблемот со името останува нерешен, и затоа не можам да ви дадам надеж. Ситуацијата е отворена, и нерешена. Така е и со Србија за Косово, или со Босна. Со приемот на Хрватска следната година, апсолутно е невозможно да им кажеме НЕ на другите поранешни југословенски држави, историски е невозможно да ги одбиеме“, рече Шулц.

Шулц во Вашингтон говореше на тема „Европа во Криза? Перспективите на обновеното партнерство ЕУ-САД“.