1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Веројатно 3 милиони заразени од коронавирусот?

СН/агенции
23 октомври 2020

Во Шпанија според наводите на премиерот Педро Санчез веројатно има трипати поголем број на случаи на Ковид-19 од официјално пријавените. Шпанија неделава беше првата европска земја која надмина 1 милион инфекции

https://p.dw.com/p/3kLH8
Spanien Madrid Coronavirus
Фотографија: Juan Medina/Reuters

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска изјави дека „реалната бројка“ на заразени со коронавирусот во Шпанија е поголема од 3 милиона, наспроти официјалниот број на инфекции кој неделава надмина еден милион

Во телевизиско обраќање, Санчез истакна дека проекциите на националната студија за антитела покажуваат дека реалната вкупна бројка на случаи на Ковид-19  е трипати поголема. 

Spanien TV-Ansprache Pedro Sanchez
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. R.Rubio

Санчез истакна дека здравствениот систем на земјата е подобро подготвен отколку при првиот бран на епидемијата. Но, без оглед на тоа, апелираше шпанскиот премиер, треба да се стори повеќе за да се запре ширењето на вирусот.

Повеќе:

-Зошто Шпанија е „плодно тло“ за коронавирусот

-Зошто здравствениот систем на Шпанија потклекна пред коронавирусот?

-Шпанија се прости од своите 28.400 корона-жртви

Властите во Мадрид денеска најавија воведување на забрана за собирање меѓу полноќ и шест часот наутро за да се сузбие епидемијата на коронавирусот. Забраната треба да стапи на сила утре, а неколку други шпански региони сакаат да воведат полициски час.

Баровите и рестораните во Мадрид ќе мораат да се затворат од 24 часот, а последните гости ќе можат да ги примат до 23 часот.

Шпанија на 21 октомври соопшти дека го преминала прагот од милион заразени со коронавирусот. Во земјата во последните 24 часа се пријавени20.986 нови инфекции на коронавирусот.

Со околу 47 милиони жители, Шпанија е шеста земја во светот која ја надмина бројката од еден милион заразени, по САД, Индија, Бразил, Русија и Аргентина, а е прва членка на ЕУ со толку голем број на заразени.