1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц: Украина може да биде кандидат за ЕУ

БГ/ ДПА
16 јуни 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц од Киев порача дека ќе ја поддржи кандидатурата на Украина во ЕУ, но потсети дека паралелно мора да почнат да напредуваат и државите од Западниот Балкан.

https://p.dw.com/p/4Cp8b
Ukraine | Olaf Scholz in Kiew
Фотографија: Viacheslav Ratynskyi/REUTERS

Германија ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за Украина да добие кандидатски статус во ЕУ, изјави канцеларот Шолц во Киев, дополнувајќи дека таа земја „му припаѓа на европското семејство“.
„Германија е за позитивна одлука за Украина. Тоа се однесува и на Молдација“, рече Шолц.

Но, притоа германскиот канцелар потенцираше дека мора да им се овозможи и на земјите од Западниот Балкан, од кои дел одамна се кандидати, да напредуваат на тој пат. 

„Прашање на европската веродостојност е конечно да го исполниме ветувањето кон земјите од Западниот Балкан, кои се на овој пат со години, а овојпат и со конкретни термини“, рече Шолц во Киев. 

Во однос на Украина тој порача дека постојат јасни критериуми за членство во ЕУ кои мораат да ги исполнат сите кандидати. „Ова особено се однесува на владеењето на правото и демократските стандарди“, рече Шолц. Тој побара од ЕУ да се подготви за новиот развој и да ги модернизира своите структури и механизми. 

Ukraine | Olaf Scholz, Emmanuel Macron, Mario Draghi und Klaus Iohannis besuchen Irpin
Европските лидери го посетија градот ИрпинФотографија: Ludovic Marin/AP/picture alliance

Шолц минатата недела беше на балканска турнеја во рамките на која го посети и Скопје, од каде исто така порача дека земјата треба веднаш да ги започне преговорите со ЕУ.

Во четвртокот во Киев, заедно со францускиот и романскиот претседател Емануел Макрон и Клаус Јоханис, и италијанскиот премиер Марио Драги, Шолц се сретна со претседателот Володимир Зеленски, а заедно го посетија и разурнатиот град Ирпин. 

„Ние четворица го поддржуваме давањето кандидатски статус за членство на Украина“, изјави Макрон.  

Европските лидери и ветија на Украина натамошна воена помош и ги отфрлија шпекулациите дека бараат од Киев да влезе во преговори со Москва.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема