1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Цел Њујорк под вода – прогласена вонредна состојба

ЖА
2 септември 2021

Гувернерката Кети Хоулс прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава Њујорк поради налетот на остатоците од ураганот „Ајда“ и предизвиканите поплави

https://p.dw.com/p/3znwp
USA Hurricane Ida Wirbelsturm New York
Фотографија: David Dee Delgado/Getty Images

Ураганот „Ајда“ кој претходно беше од петта категорија и нанесе огромни штети во североистокот од земјата, во меѓувреме се намали на ниво на тропска бура, но доведе до поплави во Њујорк. Њујоршкиот аеродром анулираше бројни авионски летови.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио прогласи вонредна состојба во метрополата, а на Твитер напиша: „Вечерва доживуваме историско невреме со рекордни врнежи од дожд во цел град, брутални поплави и опасни услови на нашите улици“. Тој им препорача на граѓаните да се засолнат во куќите и да не излегуваат на улици, за да ја овозможат и работата на спасувачките екипи, како и да го избегнуваат метрото.

Освен тоа прогласена е и забрана за патување низ метрополата.

Околу 5300 домаќинства се без електрична енергија.

Синоќа властите во Њујорк издадоа предупредување од силно невреме, опасни поплави и дури и торнада.

Кратко потоа наврна толку дожд што улиците се претворија во реки, а луѓето делумно стоеја во вода до колена. Сите градски превозни линии мораа да прекинат со работа, бројни луѓе останаа заглавени во вагоните.

USA Hurricane Ida New York
Толку дожд Њујорк досега не виделФотографија: Kostas Lymperopoulos/Zumapress/picture alliance

Последните налети на ураганот „Ајда“ во Њујорк донесоа најобилни дождови од почетокот на мерењата. Во само еден час во Централ парк во Менхетен наврнале околу 80 милиметри дожд, соопшти Националната метеоролошка служба. Со тоа невремето го урна досегашниот рекорд, кој го постави тропската бура „Хенри“ пред само една недела – 49 милиметри за 60 минути. Во целина, ова лето во Њујорк не е само сончево и жешко, туку и најдождовно во неговата историја.

Во градот Пасаик во американската ссојузна држава Њу Џерси постар човек бил изненаден од водните маси во својот автомобил и се удавил, изјави градоначалникот Хектор Лора за СиЕнЕн. Двајца сопатници од автомобилот биле спасени.

Во Мериленд во поплавите загинало 19-годишно момче, уште едно лице се води за исчезнато. Со тоа бројот на жртви одураганот „Ајда“ се зголеми на седум.