Кина - глобална закана за човековите права
15 јануари 2020Тоа беше добредојдена прилика за шефот на Хјуман рајтс воч (ХРВ), Кенет Рот, да отпатува за Хонг Конг за да го претстави годишниот извештај на оваа организација за заштита на човековите права. Годинава во фокус на извештајот е Народна Република Кина. А потоа се случи следното: на Рот му беше забранет влез во земјата. Според она што тој кажа, влезот му е забранет без да бидат наведени причини. Рот на Твитер го критикуваше кинеското раководство кое за одбивањето на дозволата се повика на своето суверено право. Рот вели: „Пекинг би требало да слуша, не да цензурира“: Напад на човековите права
Годинешниот извештај на ХРВ со својата жестина се концентрира на Кина и извлекува вознемирувачки заклучок. Земјата, како што се наведува, го извршува најинтензивниот напад на глобалниот систем на човекови права кој светот го видел од средината на 20 век, напиша Рот во предговорот на извештајот. Доколку, како што натаму напиша, ни една земја не се спротистави на тоа се заканува дистописка иднина и голема катастрофа за човековите права. Кина, како што наведува ХВР, во поткопувањето на човековите права спроведува јасна стратегија: се претставува како актрактивен трговски партнер и истовремено создава мрежа на глобална цензура. Тоа, како што натаму се наведува, е сериозна мешавина бидејќи од една страна Кина така ги врзува за себе западните партнери и истовремено спречува јавна критика поради она што се случува во земјата.
Судбината на Ујгурите
Условите на северозападниот дел на Кина, според наводите на ХРВ, се особено загрижувачки. Таму, во регионот Хинјианга, муслиманското малцинство Ујгури е интернирано во т.н. логори за повторно образување каде што се малтретирани. „Во најголемиот бран апсења во последните десетлетија се приведени над еден милион муслимани кои потекнуват од Турција и на неодредено време се затворени и се изложени на присилна индоктринација“, пишува ХРВ.
Повеќе на темата:
-Меркел патува во Кина со тежок багаж
-Исламот во Кина на партиска линија
Притоа, како централен инструмент за својата репресија Кина користи технологија и има најголем државен систем на котрола и надзор кој светот некогаш го видел. Видеокамерите препознаваат лица, службениците стекнуваат информации со помош на апликации и постојат електронски пунктови за контрола, наведува ХРВ.Ова дигитално надледување е надополнето со физичка присутност. Милион службеници и членови на партијата се мобилизирани редовно да ги „посетуваат“ муслиманските семејства, некое време да се вселат кај нив и да известуваат ако некое семејство, на пример, се моли или на некаков друг начин практикува вера, се наведува во извештајот. Освен тоа Кина, меѓуостанатото, користеше вето во Советот за безбедност во ОН за да ги блокира мерките на ОН за заштита на најпрогонетите луѓе ширум светот.
Цивили под оган во Јемен и во Сирија
Извештајот на ХРВ го покажува и ова: Кина ни од далеку не е единствената земја која ги крши човековите права. Извештајот ја преиспитува состојбата на човековите права во над 90 земји. И во Сирија и во Јемен страните во конфликтот јавно не ги почитуваат меѓународните правила. Кога станува збор за Сирија Светскиот извештај 2020 ги критикува како владинитие трупи така и вооружените групи од опозицијата. И двете страни, се наведува во извештајот, извршиле провреди на човековите права. Трупите на сирискиот властодржец Башар ал Асад за време на воените операции во регионот Идлиб користеле забрането оружје, конфискувале имоти и понижувале луѓе. И опозициските групи вршеле напади на цивили во подрачјата кои се под контрола на владата.Во Јемен, според извештајот на ХРВ, е најголемата хуманитарна криза во светот. Илјадници цивили се ранети или убиени. Во конфликтот учествува цела низа актери. ХРВ на сите учесници во конфликтот им префрла дека извршиле злосторства против јеменскиот народ.
Што се однесува на Кина, ХРВ нагласува суштинска разлика: На социјалистичката држава во рацете на Комунистичката партија, меѓународната заедница и` се додворува. Во бројни случаи тоа е поврзано со супериорноста на Кина, анализира ХРВ. Кинеските претпријатија се под диктат на Комунистичката партија, се наведува натаму. Ако таа одлучи да казни некоја земја така што ќе ги бојотира нејзините производи, фирмите мора да го почитуваат тоа. Тоа значи дека земјата која ќе се осмели да изрази критика, ризикува да загуби пристап до комплетниот кинески пазар, кој сочинува 16 насто од светската економија.
Демократскиот свет е премногу воздржан
И Европа и САД во односот кон Кина, наведува ХРВ, не постигнале добри резултати. Државите на ЕУ се повлекоа во „тивка дипломатија“. Западните лидери тврдат дека за состојбата со човековите права во Кина водат разговори зад затворени врати а не пред очите на јавноста. Биланс никогаш не е извлечен, наведува ХРВ. Она што останува, како што истакнува организацијата, е впечатокот дека е склопен уште еден трговски договор.
Кинескиот подем како глобална сила е незапирлив, и тоа како што оценува ХРВ, бара одговор без преседан. Мора да се зајакнат критичките гласови за Кина и да се запре со тивката дипломатија. Освен тоа, токму владите, на кои им се важни човековие права, мора да се откажат од двојните стандарди, наведува ХРВ.
Потребен е контрафронт за Кина, заклучува Хјуман Рајтс Воч. „Државите би требало да се соберат и да формулираат заднички стандарди“. Време е да се препознае дека Кина работи на отфрлање на системот на меѓународно владеење на човековите права, односно на негово редизајнирање“, истакнува ХРВ.