Хуго Чавез со настап во Порто Алегре
31 јануари 2005Со деведесет минутно задоцнување Хуго Чавез се појави на закажаната прес конференција за да одговори точно на пет прашања кои смееа да ги поставата новинарите претходно одбрани од неговите референти. Чавез ја споменна и дипломатската криза со Колумбија. Имено соседната земја во средината на декември ги подмити безбедносните сили на Венецуела за да се киднапира водачот на герилците Родриго Гранда од Каракас. Чавез смета дека позади оваа акција се кријат САД
“Она што го сакаше владата на САД беше ескалација. Бараа причина за интервенција во Венецуела. Тие би се радувале на конфликт со насилство меѓу Венецуела и Колумбија, за да можат да интервенираат и да ја завршат боливарската револуција.”
Чавез уште дополни дека во петокот добил дипломатска нота од Колумбија во која му се гарантира дека нема да се повтори ваква акција.
Во конфликтот како посредник интензивно се вмеша и Бразил. Не може мирно да се гледа како се расправаат две држави на Латинска Америка истакна претседатлот Луиз Инацион Лула де Силва и дополни
“Не останавме дома туку отидовме во Колумбија и Венецуела, за да разговараме едни со други и повторно да воспоставиме хармонија. Конечно ние сме сиромашни земји и немаме право да ја трошиме нашата енергиjа за неважни работи. ”
Чавез на форумот се заложи против планираната се’американска слободна трговска зона Алка. На нејзино место пледираше за Алба
“Боливиарска алтернатива”
“Социјалата напред. Кон тоа економијата но не преку натпревар туку преку надопонување. Ќе ви дадам пример: и испорачуваме на Куба нафта и нафтени производи. Куба добива рабат од 25 проценти. Но тоа не е подарок, Куба мора да го плати тоа но под услови кои замјата може да ги издржи. Конечно не сме меѓународен монетарен фонд.”
Кон сојузот Алба кој стартуваше на почетокот на годинава досега покрај Венецуела се приклучи само Куба.