Хуго Чавез ги демантираше гласините за неговата смрт
24 април 2012Венецуеланскиот претседател Хуго Чавез во телефонскиот разговор најави дека наскоро повторно ќе се врати во неговата татковина. Тој во моментов е на терапија со зрачење на Куба. Наспроти неговите поранешни терапии во Куба, овојпат тој од таму, во изминатите девет денови, се јавуваше само преку Твитер. Тоа во Венецуела предизвика шпекулации за негова наводна смрт. Изгледа дека човек мора да се навикне на такви шпекулации, изјави Чавез во телефонското интервју. Пред овој телевизиски разговор блиски соработници на претседателот во повеќе наврати ги демантираа шпекулациите за неговата смрт, но тоа не помогна за запирање на гласините.
За помалку од шест месеци во јужноамериканската земја богата за нафта повторно ќе се избира претседател. Левичарски настроениот Чавез, кој 13- години е шеф на државата, има намера повторно да се кандидира за функцијата. Меѓутоа, неговата болест го наметна прашањето - дали тој воопшто е способен да води кампања? По еден претходен престој на терапија во Куба, во средината на минатата година, Чавез објави дека е излекуван. Но, во март годинава на жестокиот критичар на САД повторно мораше да му биде отстрането канцерогено ткиво од карлицата.