1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хенш добитник на Нобелова награда за физика

4 октомври 2005

За првпат во последните четири години Германец повторно е добитник на Нобелова награда за физика.

https://p.dw.com/p/Aevk
Т.Хенш, носител на Нобеловата награда за физика
Т.Хенш, носител на Нобеловата награда за физикаФотографија: AP

Минхенскиот професор Теодор Хенш ја доби наградата, заедно со американските научници Рои Глаубер и Џон Хал, за истражувања во областа на оптиката.

Теодор Хенш инаку работи во Макс Планк Институтот за квантна оптика во Гархинг и предава на минхенскиот универзитет. Откако ја дозна веста оти ја добил Наградата, 63 годишниот професор по физика радосно забележа:

„Фантастично, изненадувачки, без зборови. Ова е прекрасно чувство.“ рече Теодор Хенш еден од добитниците на овогодинешната Нобеловата награда за физика.