Спорт
Ѓоковиќ дисквалификуван откако ја удри линиската судијка
7 септември 2020Реклама
Судијката по ударот клекна и имаше проблеми со дишењето. Светскиот тенисер број еден видливо шокиран од она што се случи, веднаш притрча кон судијката. Тој не се појави на прес-конференцијата по мечот против Шпанецот Буста, а за она што се случи подоцна се изјасни на социјалните мрежи. „Целата ситуација ме растажи и ми остави празнина. Се информирав за состојбата на судијката и, фала му на бога, таа се чувствува добро“, напиша меѓу другото Ѓоковиќ на Инстаграм, по инцидентот поради кој мора да го напушти турнирот.