Религија
Фотографија на денот: Честит Божик
25 декември 2021Реклама
Папата Франциско на големиот христијански празник ги повика луѓето на скромност. „Да не плачеме по големината којашто ја немаме. Да престанеме да се жалиме и да се муртиме и да престанеме со алчноста која нѐ прави секогаш незадоволни“, рече поглаварот на Римокатоличката црква во текот на полноќната миса во Ватикан.
Папата и годинава го прослави Бадник во услови на посебни мерки поради пандемијата. Во базиликата Свети Петар имаше околу 1500 гости, а на плоштадот пред неа повеќе стотици луѓе кои ја следеа мисата на видеобимови.
Денеска напладне папата Франциско ќе ја упати божиќната порака до „градот и светот“ (Urbi et orbi). Во изминатите години тој во својата порака се изјаснуваше со врска со некои меѓународни кризи во светот.