Стоп-Брегзит на планинска турнеја
10 декември 2019Реклама
Населението во Шкотска е мнозински против излезот на Велика Британија од ЕУ, но сепак можеби ќе мора да ги сноси последиците од Брегзит. Во пресрет на парламентарните избори оваа недела, шкотската премиерка Никола Старџен се вози со жолт автобус низ земјата и агитира за својата политика, а која е нејзината суштина, покажува огромниот слоган на возилото.