Спас од пеколот на Мариупол
22 април 2022Во текот на вчерашниот ден само 79 луѓе од Мариупол имаа среќа да се евакуираат од пеколот на разурнатиот пристанишен град. Тие во жолти училишни автобуси пристигнаа во прифатилиштето за внатрешно раселени лица украинскиот град Запорожје, по два месеца минати во градот под опсада на руските сили.
Денеска, според властите во Киев, нема да биде направен обид за воспоставување на хуманитарни коридори за нова евакуација од Мариупол.
„Поради опасноста на рутите, денеска, 22 април, нема да има хуманитарни коридори“, изјави таа на Фејсбук, вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.
Таа им порача на сите што чекаат евакуација „да бидат трпеливи и да издржат“.
Мариупол, кој е дел од индустрискиот регион во источна Украина познат како Донбас, е клучна руски цел од почетокот на инвазијата на 24 февруари. Москва вчера објави дека руските сили ја презеле контролата врз градот, со исклучок на челичарницата Азовстал, која е последно украинско упориште.