Фудбал
Сепак празни трибини на отворањето на сезоната
18 септември 2020Реклама
Неделава германските власти одобрија во пробна фаза да дозволат исполнетост 20 проценти од стадионите со навивачи во првата и втората фудбалска Бундеслига. Бајерн од Минхен веќе беше претпазливи и планираше со стапка на исполнетост од десет проценти, односно 7500 гледачи. Но, деновиве Минхен бележи значително зголемување на нови инфекции од коронавирусот, така што градските власти сепак забранија присуство на навивачи на натпреварот меѓу Бајерн и Шалке со кој се отвора новата сезона во првата Бундеслига. Останатите натпревари од првото коло за време на претстојниот викенд, според досегашните најави, би требало да се играат пред публика.