1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

САД сакаат да ги отворат границите за вакцинираните

СН/агенции
21 септември 2021

Уште со промената на власта во Вашингтон, големи беа надежите за поотворен патнички сообраќај меѓу стариот и новиот свет. Но, американскиот претседател Бајден долго ја задржа забраната за влез во САД.

https://p.dw.com/p/40alb
USA Symbolbild Einreise
Фотографија: Shawn Thew/EPA/picture alliance

САД ќе ги ублажат забраните за влез во земјата за Европејците и други странци воведени поради пандемијата на корона на коронавирусот. На целосно вакцинираните странци треба да им се дозволи повторно да влезат од „почетокот на ноември“, изјави координаторот за  борбата против коронавирусот во Белата куќа, Џефри Зинтс, во Вашингтон.

Сите странски патници ќе мора да обезбедат доказ за вакцинација и негативен тест за Ковид-19 пред нивниот лет во САД. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, ќе ги заостри правилата за тестирање за невакцинираните американски граѓани, кои мора да бидат тестирани во рок од 24 часа пред враќањето во САД и уште еднаш по пристигнувањето во земјата.

САД: Вакцинација со „турбо“ брзина

Досега само со „специјална дозвола“

Сеопфатната забрана за влез во земјата ја воведе тогашниот американски претседател Доналд Трамп на почетокот на пандемијата во пролетта 2020 година и неа досега ја задржа и неговиот наследник Бајден. Меѓу другото, туристичката индустрија веќе долго време повикува на ублажување на забраната, барем за патниците вакцинирани против коронавирусот.

Според актуелните ограничувања само американските државјани и оние кои поседуваат зелена карта за престој во САД, како и членовите на нивните семејства, смеат да влезат во земјата доколку биле во ЕУ или Велика Британија во претходните 14 дена. На сите други им е потребна посебна дозвола.