1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Предупредување од сидата

СН/агенции
1 декември 2020

Денешниот Светски ден на борба против сидата се одбележува во услови на пандемија на коронавирусот. Експертите предупредуваат дека не смее да се дозволи справувањето со Ковид-19 да ја уназади борбата против вирусот ХИВ.

https://p.dw.com/p/3m3C4
BdTD Nepal Welt-AIDS-Tag
Фотографија: Prakash Mathema/AFP/Getty Images

Токму затоа Светската здравствена организација на  денешниот ден упатува на неопходноста на подигање на јавната свест за ХИВ и сида, и ги потенцира достигнувањата во превенцијата на инфекцијата со вирусот ХИВ, како и достапноста на терапија со која се постигнува речиси нормален животен век како кај здравата популација. Меѓународниот симбол на свесност и поддршка во борбата против сидата е црвената лента. На оваа #ФотографијаНаДенот, активисти во Катманду, Непал по повод Светскиот ден на борба против сидата запалија свеќи и ги распоредија токму во обликот на црвената лента, во знак на солидарност со заболените од сида.