Фотографија на денот: Полуголи еко-активисти во парламент
2 април 2019Реклама
Нивна цел - да се забрза борбата против загревањето на климата. Во долна облека и со слогани на своите тела тие од трибината за посетители на пратениците им префрлија дека поради дебатите за Брегзит го запоставуваат проблемот со промената на климата.
Дел од активистите од организацијата „Extinction Rebellion“ на својата кожа имаа пораки како „СОС“ и „Запрете со попусто трошење на времето“. Претседателот на парламентот Џон Беркоу не ја прекина седницата, а безбедносните сили го прекинаа протестот на екологистите.