Спорт
Олимписките прстени повторно во Токио
2 декември 2020Реклама
Олимписките прстени се вратија во заливот на Токио: конструкцијата висока 15 метри и тешка 69 тони мораше привремено да биде отстранета заради нејзино одржување. Прстените првично беа поставени на почетокот на годинава, но беа отстранети во август, откако претходно поради пандемијата на коронавирусот беа откажани Летните Олимписки Игри во јапонската престолнина. Сега тие повторно сјаат - а некои гледачи сигурно ќе бидат возбудени од спортскиот мега-настан во Токио во 2021 година.