1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Нема договор за Брегзит, нема проблем?

ЕМФ
16 јануари 2019

Британската премиерка Тереза Меј доживеа пораз - британскиот парламент со 432 наспроти 202 гласови гласаше против нејзиниот договор за Брегзит.

https://p.dw.com/p/3BcJr
NEU - England: Symbolbild Brexit
Фотографија: Reuters/H. Nicholls

Ваквиот исход беше очекуван, со оглед на тоа што многу пратеници од конзервативната партија на Меј се против договорот со кој се регулира излегувањето до ЕУ. Вечерва премиерката Меј е соочена со гласање за доверба на нејзината влада, откако барање за тоа поднесоа опозициските лабуристи.

Додека коментарите ширум светот одат главно во насока на тоа дека Велика Британија и нејзината премиерка имаат купишта проблеми, про-Брегзит демонстрантот во Лондон на нашата #ФотографијаНаДенот гордо држи плакат на кој е напишано: Нема договор, нема проблем!