1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Над 1 милијарда вакцини за посиромашните земји

СН/агенции
23 септември 2021

САД, во борбата против коронавирусот, сакаат да донираат уште 500 милиони дози од ковид-вакцините за посиромашните земји. Ова го потврди претседателот Џо Бајден на виртуелниот корона-самит.

https://p.dw.com/p/40gcN
Американскиот претседател Џо Бајден говори на Глобалниот Ковид-19 самит
Американскиот претседател Џо Бајден говори на Глобалниот Ковид-19 самит Фотографија: Alex Wong/Getty Images

Целта на меѓународна видео-конференција на маргините на Генералното собрание на ОН беше да ги собере шефовите на држави или на влади, претставниците на меѓународните организации, невладините организации и на приватниот сектор за да се договорат за „заедничка визија за борба против Ковид-19“ . Бајден, исто така, најави дека САД ќе стават на располагање 370 милиони долари за поддршка на испораката на вакцини низ целиот свет.

САД водат според донации за вакцини ширум светот

САД веќе објавија безусловна донација од 500 милиони дози вакцини пред самитот на Г7 во Корнвол, Англија во јуни. Вкупно, американските донаторски ветувања изнесуваат 1,1 милијарда вакцини . САД со тоа се најголемиот донатор во светот.

Дозите на вакцината на производителот Бионтек/Фајзер треба да се произведуваат во САД и треба да се купат по „непрофитна цена“. Тие треба да бидат доставени до земјите-приматели до крајот на септември 2022 година.