1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ковид пасош“ - задолжителен за сите вработени во Италија

ЖА
17 септември 2021

Во борбата против пандемијата на коронавирус, Италија воведува уште построги мерки – „зелениот пасош“ станува обврска за сите вработени во земјата. Кој нема да го покаже, ризикува казна или суспендирање.

https://p.dw.com/p/40R08
Italien I Schulbeginn I Covid-19
Фотографија: Daiano Cristini/Avalon/picture alliance / Photoshot

Од 15 октомври сите вработени треба да покажат сертификат, односно доказ дека се вакцинирани, излечени или имаат негативен тест на Ковид-19, во спротивно се закануваат санкции во форма на парични казни и суспендирање од работното место, но не и отказ.

„Ја прошируваме обврската за ‘зелен пасош' на сите вработени, како во приватниот, така и во јавниот сектор од две причини: за да создадеме поголема сигурност во работните средини и да ја зајакнеме вакциналната кампања“, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца синоќа на прес конференција.

„Зелениот пасош“ во Италија покажува дали сопственикот е вакциниран, бил тестиран во изминатите 48 часа или прележал Ковид-19. Тој е обврска при посета на ресторани, во возови и на многу јавни места, поради што имаше и бројни протести, а за здравствените работници одамна важи обврска за вакцинирање.

Моментно околу 75 проценти од Италијанците над 12 години имаат примено вакцина против коронавирус. Италија беше прва земја во Европа која беше драстично погодена од пандемијата, од корона инфекција починаа преку 130.000 луѓе.