Катастрофата, пред и потоа
19 јули 2021Бројот на жртвите од историските поплави во Германија и натаму расте.
Според последните информации најмалку 46 загинаа во покраината Северна Рајна-Вестфалија, додека 112 во покраината Рајнланд-Пфалц.
Ова се двете најпогодени покраини од водената катастрофа, кои се наоѓаат на западот на земјата.
Големи поплави имаше и во јужната покраина Баварија, посебно во областа Берхтесгаден, каде загинаа 2 лица.
Повеќе: Поплави во Германија: Климатската криза нѐ принудува да се прилагодуваме
Водената стихија остави зад себе пустош во многу места. Оваа #ФотографијаНаДенот најдобро ги покажува размерите на катастрофата во градот Алтенар во покраината Рајнланд-Пфалц, кој беше силно погоден од поплавите. Поплавената област беше огромна, а Алтенар од идилично место се претвори во купишта урнатини.