Катастрофи
Катастрофални поплави во Германија – десетици исчезнати
15 јули 2021Реклама
Невремето и обилните дождови посебно ги погодија покраините Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, но и Баден Виртемберг, Баварија и Саксонија. Улиците во повеќе населени места се под вода, што на места целосно ја оневозможува интервецијата на екипите на противпожарната служба и на службите за медицинска помош. Од поплавите се заканува уривање на повеќе куќи, некаде водата е стигната до покривите. Во општината Арвајлер е прогласена вонредна состојба поради природна непогода, повеќе населби се отсечени од светот, се јавува за четири жртви. Повеќе лица се водат за исчезнати, се споменува за 30 , но точниот број не се знае. При акции за спасување во округот Меркиш смртно настрадале и двајца пожарникари.