1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Карневалска „пресметка“ со политичарите

24 февруари 2020

Со Розенмонтаг денеска кулминира карневалското расположение во Рајнската област во Германија. На уличните карневали во традиционалните карневалски упоришта Келн, Диселдорф и Мајнц се очекуваат стотици илјади посетители.

https://p.dw.com/p/3YGyC
BdT - Richtfest des Kölner Rosenmontagszugs
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini

Можно е карневалската сатира оваа година да биде пополитичка од обично. „На заб“ се политичарите од светската сцена, но и домашните, нема да биде одминат ни неодамнешниот расистички напад во Ханау. На #ФотографијаНаДенот се карневалските фигури кои ќе продефилираат низ Келн под наслов „Светски дрвени глави“, а ги претставуваат кинескиот претседател Ши Џинпинг, британскиот премиер Борис Џонсон, рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Конг Ун.

Вчера поради невреме проследено со силен ветар и дожд, во Келн и Диселдорф беа откажани карневалските поворки, надежта е дека времето денеска ќе им биде понаклонето на карневалистите.