Здравје
Фотографија на денот: Заштитна маска за глуви лица
22 мај 2020Реклама
Носењето маски оневозможува да се видат реакциите на лицето на соговорникот. На глувите лица веројатно им е најтешко. За нив обврската за носење маски е речиси рамно на драма. Сега од Бразил доаѓа модел на маски кај кој делот кај устата е изработен од проѕирен пластичен материјал. Така глувите лица можат да го гледаат мрдањето на усните на својот соговорник. На #ФотографијаНаДенот Исабела Родсил позира со маска која е дело на ателје од културниот центар Ла да Фавелиња во Алгомерадо да Сера.