1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Водени топови против антиковид протестите пред ЕУ самитот

ЖА / дпа
6 октомври 2021

Словенечката полиција во повеќе наврати употреби солзавец и водени топови против илјадниците демонстранти во Љубљана, кои протестираа против антиковид-мерките.

https://p.dw.com/p/41Jvk
EU-Gipfel in Slowenien
Фотографија: Petr David Josek/AP Photo/picture alliance

Демонстрантите опколиле возило на странска делегација на локација блокирана од полицијата, како што јави словенечката новинска агенција СТА, повикувајќи се на информации од полицијата. На Брдо кај Крањ денеска почнува самитот на ЕУ со Западен Балкан. Демонстрантите се обиделе да се доближат до хотел во кој е сместен дел од делегациите на ЕУ-самитот, но биле спречени од полицајците. Уапсени се повеќе демонстранти, меѓу кои и раперот Зоран Стевановиќ, претседател на малата протестна партија Resni.ca.

СТА јавува дека на протестите биле навредувани новинари, им биле упатувани закани и биле туркани. Неколку лица искршиле стаклена влезна врата на зградата на ТВ „Н1“, емисија која била во тек била прекината, зашто во студиото навлегол солзавец употребен од полицијата против демонстрантите во обид да ги спречат да влезат во објектот.

Со инциденца од 627 нови инфекции со коронавирус за 14 дена, Словенија во Германија се смета за земја со висок ризик од Ковид-19.