Белорусија - Лукашенко нема милост
31 август 2020Реклама
По три недели постојани протести, ситуацијата во Белорусија се заострува. На масовните демонстрации на викендот, на улиците на главниот град Минск беа извадени тенкови, а претседателот Александар Лукашенко на јавноста и презентираше своја втора фотографија во борбена опрема и со оружје во рака. Дотолку посилен е ефектот на гестот на оваа демонстрантка на фотографијата, која клечи на колена пред кордонот полицајци. Не е познато дали и таа спаѓа во многуте луѓе кои беа уапсени. Во градот новинарите се се повеќе исто така на удар, посебно фоторепортерите, на кои им е забрането да снимаат.