Барањата на Финска и Шведска стигнаа во НАТО
18 мај 2022Реклама
Барањата на Финска и Шведска денеска се примени во седиштето на НАТО во Брисел. Со тоа е отворен патот за почеток на процесот на приклучување на двете скандинавски земји во воениот сојуз, кој, како што се вели од дипломатски кругови, не би требало да биде подолг од неколку недели. Ратификацијата од страна на 30-те парламенти на земјите членки, пак, според дипломатите, би траела најверојатно една година. Досега Турција отфрла приклучување на Финска и Шведска во алијансата.
На оваа фотографија - таблата на која е прикажано гласањето во финскиот парламент за приклучување на земјата во НАТО.